Македонскиот интернационалец Милан Ристовски со својата Трнава гостуваше кај Татран во словачкиот шампионат. Трнава ги однесе бодовите со победата од 0:2, а Ристовски имаше забележителен настап.
Во 64. минута Трнава избори пенал, но противничкиот голман го одбрани ударот на Ристовски од белата точка. Тоа е негов втор промашен пенал сезонава во словачкиот шампионат.
Сепак, македонскиот репрезентативец се „извади“ за утката во 73. минута кога им побегна на противничките дефанзивци и го матираше домашниот голман запечатувајќи ја победата на својот тим. Веќе во наредната минута излезе од игра.