Кирил Лазаров попладнево се дружеше и потпишуваше автограми на своето автобиографското дело – „Секогаш на победа“ во продавницата на Literatura.mk во East Gate Mail.
Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна.
Веднаш по враќањето во Египет и пред заминувањето за Нант, Лазаров одвои време да се дружи со своите фанови, дел од нив дојдоа и со дресот од македонската репрезентација, па си заминаа со двојна радост.