Бабунски на местото на Јаховиќ во националниот тим

2026

Адис Јаховиќ е повреден и веројатно нема да може да одговори на повикот на Благоја Милевски за претстојните квалификациски средби за СП 2022. Напаѓачот е повреден затоа што излезе уште во првото полувреме од мечот меѓу Гезтепе и Коња.

Допрва ќе се види за што се работи, а лекарските прегледи ќе покажат дали повредата е сериозна. Првичните анализи велат дека се работи за задната ложа, но ќе почекаме до утре официјални информации.
Доколку Јаховиќ „отпадне“ од комбинација, тогаш Милевски на негово место ќе го повика Доријан Бабунски кој игра во бугарскиот Ботев Враца. Бабунски успешно игра во бугарскиот шампионат, а денеска даде два гола во драматичниот пораз од Арда со 3:2.

ПретходноВаленсија со два гола во продолжението се спаси од пораз од Атлетико (видео)
СледноЃоковиќ го освои Мастерсот во Париз!