Раководството на БИБЛ лигата денеска објави дека ги одложува натпреварите на КК Куманово. Раководството на Лигата донело ваква одлука откако кумановци не ги исполниле обврските кон Лигата.
„Со сета почит кон КК Куманово 2009 и градот Куманово, принудени сме да ги одложиме натпреварите на КК Куманово 2009, дома и на гости, во Балканската лига до 25.11.2021 година, бидејќи нема официјален одговор до лигата по испратеното писмо до вас на 01.11.2021 г. Откако разговарав за сите прашања и со генералниот секретар на Кошаркарската федерација, Влатко Георгиевски, донесов одлука привремено да ги одложам вашите претстојни натпревари и да ви дадам можност да договорите и ресетирате сè околу вашиот клуб и неговото учество во БИБЛ лигата“, се вели меѓу другото во изјавата на спортскиот директор на Деласпорт Балканска лига, Шај Штрикс.