Се чини дека на Оле Гунар Солскјер му нема спас. По вчерашната катастрофа со Сити, Норвежанецот е веќе екс – стратег на Манчестер Јунајтед, само прашање на време е кога тоа ќе биде официјално.
Инаку од утринава во медиумите на Островот наголемо се пишува дека раководството на Јунајтед почнале преговори со Брендан Роџерс, менаџерот не Лестер, и тој начелно се согласил да го преземе гигантот од “Олд Трафорд“.
Сепак тој се уште не знае дали Роџерс веднаш би седнал на клупата на Јунајтед или пак тоа ќе се случи на крајот од сезоната.
Покрај Роџерс, во фокусот, за тренер на Јунајтед е и името на Германецот Ралф Рангник.