По оние фантастични победи над Лацио (4:1) и над Јувентус (2:1) екипата на Верона денеска освои бод против уште еден великан, екипата на Наполи и тоа на гости. Составот на Игор Тудор одигра 1:1 на „Сан Паоло“ што е одличен резултат.
Поведе Верона со голот на Џовани Симеоне во 13. минута, а шест минути подоцна изедначи Ди Лоренцо.
Македонскиот вундеркинд Елиф Елмас влезе во 62. минута на местото на Зелински, а и покрај притисокот во финишот на мечот, сепак, неаполитанците не успеаа да постигнат уште еден гол и да победат.
Наполи е лидер со 32 бода, а ова им е второ реми сезонава. А Верона е 10-та.
Во другиот меч вечерва Лацио со 3:0 ја победи Салернитана. Головите за Лацио ги постигнаа Имобиле, Педро и Луис Алберто.
Вечерва играат Милан и Интер.