ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар чекаше до 90.минута да го победи Кораби, Силекс броеше до седум

1558

Попладнево се одиграа четирите преостанати средби од 10.коло во ВМФЛ – ЗАПАД.

Драма на ФФМ. Вардар едвај, со гол во 90.минута и тоа на Петар Љамчевски успеа да го “скрши“ Кораби и да дојде до златни три бода со што ја продолжи победничката серија и сега на Воска Спорт и се приближи само на бод.

Треба да се каже дека на 0:0 Ујкан Муча во 87.минута ја погоди стативата на Вардар, тоа беше голема шанса за тимот од Дебар. Сепак казната стигна многу бргу.

Силекс пак во Кратово го декласираше Кадино и тоа со 7:0. Уште еднаш кратовци покажаа дека се во супер форма и токму затоа се на чело на табелата. За Силекс головите ги дадоа Дуков, Каланоски, Танушев, Љамалари сите до 20.минута кога беше 4:0 за домашните. Потоа два гола беа дело на Митев а Серафимовски стави крај на маките на Кадино.

Велешта со 2:1 го победи Тетекс и освои значајни три бода. Анруши и Лена погодија за 2:0, додека конечните 2:1 беа дело на Манасиевски.

Вчера Гостивар со 0:1 успеа на гости да ја победи Воска Спорт.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

СИЛЕКС – КАДИНО 7:0

БЕСА – ОХРИД 0:2

ВЕЛЕШТА – ТЕТЕКС 2:1

ВАРДАР – КОРАБИ 1:0

ВЧЕРА:

ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 0:1

ТАБЕЛА

1.Силекс 28, Воска Спорт 21, Вардар 20, Кораби 14, Гостивар 12, Тетекс 11, Беса 9, Велешта 12, Охрид 7, Кадино 6

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Шева е нов тренер на Пандев во Џенова
СледноВМФЛ – ИСТОК: Слога Виница го победи Братство и го запоседна врвот