Многу врева се дигна по вчерашниот меч од 10. коло во ВМФЛ – ЗАПАД во Охрид, каде домашната Воска Спорт загуби сензационално од Гостивар со 0:1. По мечот со соопштение до јавноста излегоа луѓето од клубот во кое се искажа незадоволството од судењето на судијата Никола Иванов. Потоа од Воска Спорт излегоа и со второ соопштение.
Во него стои дека клубот се оградува од одговорност за секаков инцидент на натпреварот со Гостивар одигран вчера во Охрид. Според охриѓани натпреварот минал на високо ниво и вината треба да се бара на друго место.
Исто така тие и презентираат на јавноста моменти од тоа како навистина Иванов ја делел фудбалската правда вчера на “Билјанини Извори“.