Чави Хернандез утре и официјално ќе биде претставен како нов тренер на Барселона.
Чави Хернандез утре и официјално ќе биде претставен како нов тренер на Барселона.
Легендарниот фудбалер во редовите на каталонскиот гигант доаѓа од тимот на Ал Сад. Преговорите завршија брзо, па Барса го официјализира неговото доаѓање, информација која ги воодушеви навивачите.
За време на утрешното потпишување на договорот е најавен гостин. Шпанските медиуми пишуваат дека Пеп Гвардиола ќе дојде да му даде поддршка, бидејќи добро знае каков предизвик го чека.
Гвардиола во Барселона дојде на краток одмор, следи репрезентативната пауза, па нема да има многу обврски со Манчестер Сити.