Рома на Мурињо тоне, пораз и од Венеција (ВИДЕО)

101

Трет пораз во последните пет меча за Рома на Жозе Муриво во италијанската Серија А. „Волчицата“ денеска загуби на гостувањето кај Венеција со 3:2 во меч во кој бевме сведоци на два пресврти.

Напрво во првиот дел, откако домашните поведоа со голот на Калдара во 3. минута, Рома во последните минути на полувремето со два гола на Шомуродов и Тами Абрахам замина на пауза со предност од 2:1.

Во вториот дел упорните фудбалери на Венеција приредија нов пресврт. Најпрво од пенал во 66. минута Атаму израмни на 2:2, а во 74. минута Окереке ги доведе домашните во водство од 3:2 и победа која за Венеција е само трета оваа сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноКАКОВ КАМ-БЕК НА ДЕБИТАНТОТ: Феникс се врати од минус 19 и го урна Гостивар (ФОТО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Шева е нов тренер на Пандев во Џенова