Супер-Макс: Верстапен прв во Мексико, никој ништо не му може!

323

Макс Верстапен е победник на ГН на Мексико во Формула 1. Фантастично возење, без никакви проблеми, Холанѓанецот покажа кој е кој во моментов, едноставно никој ништо не му може. Па дури ни Луис Хамилтон, актуелниот светски првак кој завршиа како втор, додека Мексиканецот Серхио Перез беше трет пред домашната публика.

Со овој триумф Холанѓанецот сега е поблиску до титулата, инаку ова за него беше 19 победа во кариерата а деветта во тековната сезона. Супер трка на Макс Верстапен на Ред Бул, кој на подиумот имаше двајца возачи.

Иако беше трет на стартот, сепак Верстапен по само неколку стотина метри успеа да избие на челната позиција. На мајсториски начин ги помина Ботас и Хамилтон, а овој првиот по судирот со Рикаирдо имаше и тоа како проблеми. Прво застана, но потоа се врати во трката. Холанѓанецот ја презеде трката под своја контрола, беше едноставно одличен, исто така и во боксот одлично си ја завршија својата работа при промена на пневматиците.

На крајот голема радост и еуфорија покрај патеката во таборот на победничкиот тим. Сега Верстапен има 19 бодови предност пред Хамилтон на четири трки до крајот.

ПретходноГвардиола утре доаѓа на промоцијата на Чави
СледноНовинарите сакаа да го испровоцираат Анчелоти за Барса, тој веднаш ги замолкна