Бетис – Севиља 0:2. Битката за Андалузија, битката за Севиља во градското дерби во Ла Лига и припадна на гостинската екипа која во последните неколку сезони е далеку подобар тим. Сепак кога играат лутите градски ривали никогаш ништо не се знае однапред.
Бетис даде се од себе, но сепак “гостите“ со голот на Акуња во 55. минути дојдоа во водство. На 0:2 зголеми домашниот играч Белерин, кој си даде автогол во таа 81. минута и тоа беше крај насите надежи на Бетис и неговите фанови дека сепак може на овој натпревар дадојдат барем до бод.
Па така сега по 12 одиграни мечеви, и двете екипи имаат по една помалку, Севиља е трета со 27 бодови, а Бетис петти со 21 бод.
Да кажеме и тоа дека Бетис од 45. минута, откако Родригез заработи втор жолт, односно црвен картон, играше со играч помалку.