Уште еден отказ во Премиер лигата: Астон Вила го „шутна“ Дин Смит

122

Астон Вила денеска и официјално објави дека го отпушти тренерот Дин Смит.

Смит го презеде тимот во октомври 2018 година и го врати во Премиер лигата. Тој исто така ја предводеше Вила до финалето на англискиот Лига Куп.

Сезонава Астон Вила по 11 кола освои само 10 бода и се наоѓа на 15. место во поредокот. Во петокот тимот загуби на гостувањето кај Саутемптон што беше пресудно за управата да му врачи отказ на Смит.

ПретходноВМФЛ – ИСТОК: Слога Виница го победи Братство и го запоседна врвот
СледноФОТО – ВЕСТ: И Цапар ги “скенираше“ Вардарци…