Ете, затоа е најсилната, најспектакуларната лига, убедливо најквалитетна лига во Европа, но и во светот. Имено како што пишуваат медиумите на Островот, Премиер – лигата, само во периодот од 2022 до 2025 година, значи за три сезони, и само од ТВ правата ќе има приход од неверојатни 15 милијарди фунти. Од кои 10 милијарди фунти од земките надвор од Велика Британија, а остатокот од домашниот пазар.
Јасно е дека ова се премногу пари, приходот е фантастичен, па токму затоа сите познати светски фудбалски ѕвезди и најдобри тренери сакаат да се “пробат“ во Лигата каде што се еден Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем, Арсенал…зарем треба уште да се набројува.
Сите елитни ТВ куќи и фирми кои ги купуваат, па потоа и продаваат ТВ правата за Премиер – лигата, просто се “тепаат“ за натпреварите од оваа лига.