Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ придодаде уште една титула во своето портфолио по триумфот на Мастерсот во Париз. Српскиот тениски ас во одличен финален меч го совлада вториот светски рекет Данил Медведев со 4:6, 6:3 и 6:3 и така му се реваншираше за поразот во финалето на УС Опен.
Новак стигна до шестиот трофеј на Мастерсот во Париз, а вкупно 37. мастерс трофеј со што се издвои на врвот пред Рафаел Надал.
ОВа му беше и 86. титула во кариерата и до неа стигна по 135 минути игра против рускиот тениски ас.
🏆 DJOKO-SIX 🏆@DjokerNole defeats Medvedev 4-6 6-3 6-2 to win the #RolexParisMasters for a SIXTH time and claim a record 37th Masters 1000 title! pic.twitter.com/v82P2yKXX3
— Tennis TV (@TennisTV) November 7, 2021