Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез од синоќа е сопственик на двете титули во супер средна категорија откако го совлада досега непобедениот Калеб Плант.
Во борба која траеше 11 рунди, Плант пружи солиден отпор, но како проаѓаше мечот, противникот удираше се посилно. Во таа последна рунда, Канело погоди со комбинација на удари, го кутна противникот на подот, кој се обиде да продолжи но јасно беше дека е готово.