Ливерпул го претрпе првиот пораз сезонава во Премиер-лигата. Избраниците на Јирген Клоп беа совладани од Вест Хем со 3-2 во рамките на 11. коло. Причината за поразот, тренерот на „црвените“ ја гледа во судиските одлучи.
„Смирен сум. Изгубивме и тоа го прифаќам. Но, во одредени моменти требаше да имаме понормални судиски одлучи, денеска немавме такви“, рече Клоп, а потоа дополнително објасни на што цели.
„За мене дуелот на Кресвел со Ханд беше опасен, тој не може да влезе во таков дуел и да не го контролира телото. А при првиот гол имаше прекршок врз нашиот голман. Раката на противникот му пречеше на Алисон, како можеше да фати топката? И тоа е типично оправдување за ВАР во овие ситуации бидејќи се вели дека не е очигледно, па не мора да се огласува.
“Што можеше да направи Алисон? Луѓето ќе речат дека барам изговори, но не е така. Прифаќам дека не сме доволно добри за да ги добиеме сите натпревари. Загубивме денес, не сум среќен поради тоа, но можам да го прифатам тоа. Ова се две ситуации кои влијаат на секој натпревар. Вест Хем се бореше за победа, тој не е виновен за одлуките што ги донесе ВАР“, заклучи Клоп.