Комеил Акбари, репрезентативец на Иран во селекцијата до 21година ќе биде најновото засилување за одбојкарскиот клуб Вардар.
Станува збор за квалитетен млад играч кој е висок 206 см, а најдобро се снаоѓа на позицијата – примач.
Минатата сезона настапуваше во одбојкарскиот шампионат на Португалија.
Ова е второ засилување за кусо време за ОК Вардар, откако пред неколку денови го ангажираше и Иван Џирлиќ, исто така репрезентативец, но на Хрватска и исто така млад одбојкар.