Далас синоќа на свој терен со 107:104 успеа да го победи Бостон, но како? Па, со тројката на фантастичниот Лука Дончиќ, кој на 2 секунди до крајот речиси од невозможна позиција ја “скина“ мрежичката за еуфорија на своите соиграчи и фановите на “Маверикси“, но и за очај во таборот Бостон.
До крајот на семафорот стоеше дека има 11 секунди, Лука ја зема топката и на 2 секунди шутна и погоди за три поени и за победа.