„Чеканите“ му го нанесоа првиот пораз на Ливерпул (видео)

171

Фото: Twitter/West Ham

Ливерпул во 11. коло на Премиер лигата го запиша првиот пораз сезонава. „Црвените“ загубија на гостувањето кај Вест Хем со 3:2 и со тоа паднаа на четвртото место на табелата додека Вест Хем, на општо изненадување, се искачи на третата позиција по четвртата победа по ред во шампионатот (седма се вкупно).

„Чеканите“ поведоа со автоголот на Алисон. Овој момент предизвика бунт кај составот од „Енфилд“ затоа што сметаат дека имало фаул врз голманот. Судијата Крис Паусон го призна погодокот и мечот продолжи. Александар-Арнолд го изедначи резултатот во 41. минута.

Во вториот дел Вест Хем два пати удри по „Црвените“ на Јирген Клоп. Прво Пабло Форналс ја затресе мрежата на Алисон, а седум минути подоцна погоди и Курт Зума. И во двете ситуации асистент беше Боувен.

Четата од „Енфилд“ проба во финишот да извлече нешто од овој меч, но само успеа да реализира еден гол преку Дивок Ориги кој влезе во финишот.

ПретходноРистовски прво промаши пенал, а потоа погоди за победа на Трнава
СледноВерона им зема бод на Елмас и Наполи на „Сан Паоло“ (видео)