Алберт Корис прв на маратонот во Њујорк

60

Атлетичарот од Кенија, Алберт Корис е освојувачот на првото место на овогодинешното издание на маратонот во Њујорк, САД. Тој триумфираше со време од два часа, осум минути и 22 секунди, и го подобри својот резултат од 2019 година кога заврши како втор на истата трка.

Мароканецот Мохамед Реда Ел Араби го зазема второто место со 44 секунди задоцнување, и е првиот Мароканец кој се качил на пиедесталот во Њујорк по 2009 година, додека пак третото место му припадна на Ејоф Фанијел од Италија.

Во женска конкуренција победник е Олимпската шампионка Перез Џепчирчир со резултат 2:22:39.

 

ПретходноМилевски прозиваше во “Хилтон“, до вечерва А-тимот ќе се комплетира!
СледноНадежите во комплетен состав тренираат на ФФМ