Готово е: Чави и официјално промовиран за нов тренер на Барселона!

219

Чави Ернандез и официјално се врати во својата Барселона. Тој е новиот шеф на стручниот штаб на каталонскиот гигант. Сите во клубот се во еуфорија, се врати легедната, еден од најдобрите играчи во историјата.

При излегувањето на “Камп Ноу“ каде штотуку заврши официјалната презентација, Чави не можеше да ги сопре солзите, се знае колку и што му значи Барселона. Сепак тој потоа запеа заедно со фановите на “Камп Ноу“.

Следуваше и потпис на договорот со првиот човек на клубот, Хоан Лапорта.

Ќе се одрекнам од се во животот, само ова да успее со Барселона“ без зборовите на Чави кој не крие дека го чека тешка и напорна работа, но и дека е подготвен за предизвиците…

Благодарен сум на поддршката, сакам предизвици,ова е нешто големо за мене и јас ќе се обидам да одговорам на најдобар можен начин. За мене е предност што знам дел од играчите, но нема да има попуст за никого. Целта е навивачите да уживаат, а Барселона да победува“ рече покрај другото Чави на официјалната презентација на “Камп Ноу“.

Инаку договорот што беше потпишан ќе трае до 2024 година со можност за продолжување на истиот.

ПретходноМЗТ по казната што ја доби од КФСМ, испрати жалба до Арбитражната комисија!
СледноШевченко пристигна во Џенова, има две големи желби!