Деби гол за победа: Малески ја прекина серијата на Струга ТЛ од шест меча без победа!

724

Христијан Малески е новиот „бисер“ на Струга Трим Лум. Уште едно младо момче кое добива шанса од клубот, од тимот на чело со стратегот Срѓан Захариевски, да ги искаже сите свои потенцијали, а тие не се мали. Па така со само 19 години, Малески во саботата во Битола против Пелистер по вторпат го облече дресот на Струга ТЛ и во вториот настап во ПМФЛ за струшкиот тим, успеа да го постигне својот деби гол, својот првенец и тоа гол за победа. За три “златни“ бода за струшкиот прволигаш.

Оваа победа, која е дело на Малески, значи крај на серијата на Струга ТЛ од шест меча без победа. Конечно младиот стружанец и стави крај на оваа серија на клубот која траеше, траеше. Но, нели, тука е Малески и тој ја донесе победата.

Инаку Малески потекнува од школата на Караорман, но како талентирано момче веднаш е кооптиран од страна на прволигашот со намера да му се даде шанса. И тој таа шанса не само што ја добива, туку и максимално ја искористи.

И токму затоа еуфоричната радост на клупата на Струга Трим Лум, како што се гледа од фотографијата, кога сите станаа да ја поделат радоста со младиот напаѓач.

Уште еднаш, Малески е само дел од низата млади фудбалери кои во последните година – две и тоа како преку Струга Трим себе си се промовираат во играчи со кои клубот може да се пофали и да биде горд, многу горд.

ПретходноЕнис Фазлагиќ: Максимално сме фокусирани кон мечот со Украина
СледноЧетири нови имиња, Веспрем најави заминување на Тото од Вардар?