Како што и беше планирано, денеска во 14 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје, селекторот на А – репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски изврши прозивка во пресрет на мечевите со Ерменија и Исланд. Треба веднаш да се каже дека комплетирањето се очекува да се случи до вечер, а меѓу првите тука беа Димитриевски, Барди, Зајков, Миовски, Чурлинов.
Инаку познато е дека место Јаховиќ и Ердал, кои се повредени, дополнително се повикани Бабунски и Тотре. Пред летот за Ерменија, националите ќе одработат два тренинга во Скопје.
Во последните два меча во квалификациите за СП во Катар 2022 во групата Ј, Македонија во четврток и гостува на Ерменија, а потоа во недела го дочекуваме Исланд.