Познато е дека викендов, во натпревар од Ла Лига, Барселона на гости кај Селта одигра само 3:3, иако имаше водство од 0:3. Сепак на крајот не победи.
Дека работите во каталонскиот гигант се катастрофа, тоа одамна се знае, а еве уште еден доказ дека во Барселона навистина е катастрофа.
Имено цело второ полувреме на гостувањето кај Селта, Барселона играла без капитен, односно без играч кој носи капитенска лента.
Ќе се запрашате дали е можно тоа да се случи во некој тим од “селска лига“, а камоли на една Барса.
Серхио Бускетс, новиот капитен на Барса по заминувањето на Лео Меси, во вторите 45.минути излегол играл без лентата, и никој тоа не го приметил, дури ни самиот капитен. Објаснувањето од клубот е дека тој на паузата го разменил дресот со еден играч на Селта, па тука некаде се загубила капитенската лента.
Неверојатно!