Ашаданов одбра 12. кошаркари за Германија и Босна

199

Последните лекарски прегледи поврзани со здравствената состојба на неколку кошаркарки, го детерминираа составот на нашата женска сениорска репрезентација.

Од вечерва, подготовките продолжија во салата на СРЦ „Кале“, со 12. кошаркарки на кои селекторот Александар Ашаданов и неговите асистенти, Јелена Антиќ и Атанас Димов, ќе сметаат за првиот меч, оној во Хале, против соодветната селекција на Германија кој ќе се игра на 11. ноември.

„Во изминатите неколку денови, имавме потешкотии околу формирањето на финалниот ростер. За жал, не можам да сметам на некои кошаркарки за кои мислам дека можат да придонесат за уште подобар настап на почетокот на квалификациите за Евробаскетот. Но за жал, здравствената ситуација која лекарскиот тим ја потврди кај некои играчи, не ни дозволува да тренираме и да играме со планираните сили“– констатира Ашаданов.

Секако, селекторот го радува присуството на нашите главни адути и во овој квалификациски циклус, капитенот Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер, кои вечерва го одработија првиот заеднички тренинг со останатиот дел од екипата.

„Дефинитивно, тоа е од големо значење за нашите планови. Во ова кратко време кое е пред нас, ќе се обидеме да поставиме некои елементи од кошаркарската игра кои имаме намера да ги реализираме на овие два натпревари. Прво со Германија, а потоа и на домашен терен во Скопје, против Босна и Херцеговина. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира“ дополнува селекторот.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Судија…ај немој пак картон!
СледноФудбалерите со една цел против Ерменија и Исланд (ФОТОГАЛЕРИЈА)