Барса само за тренери потрошила 33 милиони евра

250

Каталонскиот гигант Барселона потрошил 33 милиони евра за предвремено раскинување на договорите на последните неколку тренери. Последниот кој беше избркан од „Ноу Камп“, Роналд Куман ќе добие отштета од 13 миолиони евра. Исто така клубот треба да плати дополнителни 5 милиони евра и за неговиот наследник Чави Ернандес чиј договор со катарски Ал Сад беше прекинат предвреме. Според неофицијални информации, самиот Чави изразил желба да плати половина од сумата.

Пред Куман, клубот ги отпушти Кике Сетиен на кого му беа платени 4 милиони евра како отштета. Посериозна е сумата за Ернесто Валверде кој беше ослободен од тренерската позиција пред договорот да му истече. Тој добил 11 милиони евра, пишуваат во Шпанија.

 

ПретходноРепрезентативците му го честитаа роденденот на Цапар (видео)
СледноКутињо жестоко им одговори на критиките