Македонскиот интернационалец во дресот на Младост, Зоран Даноски просто блеска есенва во Супер – лигата на Србија. Дава голови како од шега, а денеска негова цел беше тимот на Раднички Крагуевац. Даноски за Младост стрелаше уште во 14.минута за водство на гостите од 0:1, на крајот тимот на Даноски излезе како победник среде Крагуевац со резултат 1:2.
Инаку ова беше четврти гол на Даноски оваа сезона во елитната лига на Србија во кои се одиграа 16 кола.