Нашата млада репрезентација во квалификациите за пласман на ЕП, во овој ноемвриски циклус ја чека два меча и тоа на домашен терен. Момците на селекторот Драга Канталаровски се среќаваат со Украина и Франција, два тешки меча за нашите млади репрезентативци.
За тоа што можат тие од овие две средби, свој коментар има Енис Фазлагиќ.
“Не очекуваат два тешки меча. Нашиот фокус максимално е насочен кон првиот дуел со Украина. Оваа селекција има одлични индивидуалци, но и колективно се многу добри. Наше е да дадеме се од себе и да ги освоиме тие три бода“ вели играчот за врска.
Инаку тој бара и поддршка од навивачите на овие два важни меча за нашата млада репрезентација.
“Одиме чекор чекор, се надевам на поддршка од нашите навивачи, па со нивна помош да дојдеме и до бодови на мечот со Франција. На претходниот квалификациски циклус не бев во репрезентацијата поради повреда, но затоа сега сум тука и ќе го дадам својот максимум за Македонија“ заклучи Фазлагиќ.