Големото гратско дерби помеѓу Интер и Милан синоќа заврши со реми 1:1. Двата тим имаа реално можност да дојдат до победата но не го сторија тоа. Интер особено затоа што во првиот дел имаше шанса да поведе преку пеналот на Лаутаро но Татарушану одлично одбрани и го остави својот тим во резултатски егал. Тоа се покажа подоцна како клучниот момент на мечот иако имаше да се игра уште еден час.
„Не можам да бидам среќен со резултатот, бидејќи создадовме многу ситуации, промашивме пенал. Според мене, заслуживме повеќе од реми. Се соочивме со екипа која заслужено води во шампионатот. Ние сме во улога да ја стигнеме, времето работи за нас, и ако играме на ист начин, ќе бидеме многу посигурни“, изјави Инзаги.
„Не ги победивме ниту Милан ниту Јувентус, но во двата натпревари бевме доминантна екипа. Сезоната е долга и ништо не е решено. Сакавме да ги израдуваме навивачите и мислам дека тоа го направивме со нашата игра. Натпреварот се одвиваше со многу голема брзина, што одзеде од прецизност и точност. Милан има технички потковани играчи и мора да ги натерате да се движат за да се заморат. Само во последните 15 минути не постапивме како што сакав“, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги, а потоа се осврна на промашениот пенал на Лаутаро.
„ Изведувачи на пенали се Чалханоглу и Лаутаро . Понекогаш Перишиќ шутира од белата точка. Хакан побара да го реализира првиот пенал, а вториот беше за Мартинез. Тие се разбираат. И Барела побара да го изведе. Се надевам дека со него и со Џеко нема ништо сериозно што се однесува до повредите“, додаде Инзаги.