Миовски: Имаме теоретски шанси за баражот, да се надеваме…

157

Во пресрет на двата последни меча во квалификациите за СП во Катар 2022 година, денеска нашата најдобра репрезентација се собра, а попладне ќе го има и првиот тренинг. За тоа што може да се очекува од Македонија на мечевите со Ерменија и Исланд, свое видување има напаѓачот Бојан Миовски.

Ни претстојат два меча кои ќе бидат последни во овие калификации. Има се уште теоретски шанси да бидеме на тоа второ место, да се пласираме во баражот, но тоа сега не зависи од нас. Сепак наше е да го дадеме максимумот со цел да освоиме максимални шест бода. Да се надеваме дека Македонија во недела ќе заврши како втора“ вели Миовски.

Миовски верува дека може да се стигне до две победи на дуелите во Ереван и Скопје…

Тие што нема да бидат со нас ќе недостигаат, но има тука квалитет. Ќе ги анализираме Ерменците, ќе ги видиме нивните лоши страни, ќе пробаме да ги искористите тие нивни слабости. Се надевам на победа. Во иднина ќе настојуваме да постигнуваме што повеќе голови, јасно е дека досега реализацијата беше проблем. Се надевам на две победи“ заврши Миовски.

ПретходноДаноски го “тресеше“ и Раднички среде Крагуевац!
СледноАшковски: За нас дуелите со Ерменија и Исланд се многу значајни!