Мурињо е полош од Фонсека, а се пожали на трансферите во Рома

212

По поразот од Венеција во Серија А, стратегот на Рома Жозе Мурињо се најде под притисок затоа што резултатите не се добри, а тимот е се подалеку од врвот. Португалецот појасни дека реално е да се очекува четврто место на табелата затоа што огромен предизвик е да се брка врвот со оглед на тимот што го има на располагање.

Четвртото место е нашата цел. Рома заврши на шестото односно седмото место во претходните неколку сезони, клубот се потруди да донесе нови фудбалери, но тоа повеќе беше реактивна трансферна активност отколку градење“, рече Мурињо по поразот од Венеција.

А Рома собра 19 поени по 12 натпревари во Серија А оваа сезона, пет помалку од Пауло Фонсека минатата сезона. Жозе летоска го замени Фонсека на клупата на Рома, а имаше одличен старт – шест победи на првите седум натпревари, но потоа работите тргнаа по надолна линија по поразот од Лацио. Рома има пет порази во Серија А, два повеќе од кога Фонсека беше на клупата.

Исто така Рома оваа сезона е понеефикасна за разлика од минатата. Со Фонсека по 12 кола имаа 27 дадени гола, а сега шест помалку. Нешто подобра е дефанзивата оваа сезона со само 15 примени голови, два помалку од минатата сезона по првите 12 натпревари.

Не мислам дека овој состав е посилен од минатата сезона. Загубивме на искуство, па моравме да донесеме играчи кои ќе ги заменат оние што заминаа, а дел од нив немаат искуство од играње на високо ниво“, додаде Португалецот.

По мечот со Бодо во Норвешка, португалскиот тренер стави до знаење дека може да смета само на 13 играчи и дека другите не се ни блиску до вистинското ниво.

ПретходноФинците стравуваат од можна војна во БиХ: Бараат да не играат во Зеница!
СледноДански напаѓач откри: Не играм добро затоа што страдам од диjабет