Паника во Лејкерси: Леброн два месеци во “аут“!

173

Лоши вести за сите во таборот на ЛА Лејкерси. И онака “езерџиите“ сезоната во НБА ја започнаа лошо, а деновиве дојде веста дека повредата на абдоменот на првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс и не била така несериозна.

Според лекарските прегледи, а посебно прогнози, “кралот“ ќе биде во „аут“ од 4 до 8 недели.

Значи постои шанса тимот на ЛА Лејкерси цели два месеци да не може да смета на својот најдобар кошаркар.

Ова секако дека ќе влијае за шампиoнските амбиции на тимот од Лос Анџелес.

ПретходноКОМЕНТАР НА 13.КОЛО: Секој има право на лош ден, па и Шкупи…
СледноНеверојатно: Барселона против Селта во второто полувреме играла без капитен!