Рома го сака напаѓачот на Бодо кој им даде три гола

192

FOTO>Twitter/UEFA Europa Conference League

Во Рома се заинтересирани за голгетерот на Бодо/Глимт Ерик Ботхејм и размислуваат во јануари да го донесат на „Олимпико“, пренесува норвешката ТВ2. Рома и Бодо/Глимт играа два пати во рамките на Лигата на конференции и норвешкиот тим победи дома со 6:1, а во Рим одигра 2:2. Ботхајм постигна три гола, а исто така запиша и три асистенции во меѓусебните дуели.

Инаку договорот на 21-годишниот фудбалер со Бодо е до 2022, а градскиот соперник на „волчицата“, Лацио исто така се интересира за него.

Инаку оваа година Ботхејм, има 19 гола и 9 асистенции во 39 натпревари за Бодо/Глимт, а им се приклучи во февруари и тоа дојде како слободен играч од Розенборг.

ПретходноТФТ му врати мило за драго на Академик Пловдив
СледноХалф на Арсенал стигна и до репрезентацијата на Англија