Синоќа во НБА лигата се одиграни седум мечеви во кои се постигнати неколку очекувани резултати и немаше поголеми изненадувања.
Тимот на Кливленд успеа да слави против Њујорк со конечни 109:126 и тоа благодарение на Рики Рубио кој постигна 37 поени, погодувајќи осум од девет удари за тројка. Згора на тоа додаде и десет асистенции со што нормално беше играч број еден на овој меч.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Милвоки е поразен во Ваќингтон со 101:94. Блесок на Б.Бил со 30 поени и осум скокови, а на Милвоки не му помогна ниту добрата партија на Јанис кој запиша 29 поени и 18 скока.
Орландо ја победи Јута со тесни 107:100 во двобој во кој број еден играч беше Ентони Кол со 33 поени, а до него Вендел Картер со 22 коша и 15 скока.
Резултати:
Њујорк – Кливленд 109:126
Орландо – Јута 107:100
Сакраменто – Индијана 91:94
Вашингтон – Милвоки 101:94
Оклахома – Орландо 99:94
Голден Стејт – Хјустон 120:107
Л.А.Клиперс – Шарлот 120:106