Срѓан Ѓоковиќ: Србин е најдобриот спортист на сите времиња (ВИДЕО)

716

Новак Ѓоковиќ синоќа го освои мастерсот во Парис победувајќи го Данил Медведев со 4:6, 6:3, 6:3. и на тој начин стана и официјално најдобриот тренисер во историјата затоа што за него ова е 37 трофеј во Мастерс серијата, еден повеќе од Рафаел Надал кој има 36 во моментов.

Ѓоковиќ кој од претходно го имаше обезбедено првото место на АТП листата на крајот од оваа сезона, го освои вкушно 86. турнир во кариерата, а што се однесува до меѓусебниот двобој со Медведев досега одиграле 10 мечеви, 6:4 во негова корист.

Радоста на Ѓоковиќ беше огромна, особено по притисокот кој се создаде за да го освои турнирот, а неговиот татко Срѓан инаку познат по изјавите во медиумите и се обрати на јавноста по мечот со зборовите.
„Воодушевен сум како и поголемиот дел од светот. Целиот слободен свет се радува на победата на нашиот Новак, на Новак од Србија. Тој е најдобриот тенисер и спортист на сите времиња. Запомнете го ова, спортист кој доаѓа од Србија е најдобар на сите времиња. Тоа се случи сега и никогаш повеќе“ – изјави Срѓан Ѓоковиќ.

ПретходноРубио „дивеше“ со тројки против Њујорк (ВИДЕО)
СледноЕнур Тотре доби повик за Ерменија и Исланд