ТФТ му врати мило за драго на Академик Пловдив

100

ТФТ му се одмазди на лидерот во својата група во БИБЛ лига за поразот на домашен терен.

По лошото издание во минатото коло македонскиот претставник на гостувањето кај Академија Пловдив славеше со 81-86 за втора победа во балканското друштво.

Андреј Маслинко со 18 поени беше прв стрелец, Николов имаше 15, додека Костоски 12 поени и 9 асистенции.

Домаќинот имаше водство по првата четвртина, но ТФТ успеа на полувремето да дојде до позитива од пет поени (39-44) .

Академик притисна, но овој пат кошаркарите на македонскиот тим беа максимално мотивирани, во одлучувачките десет минути ја задржаа предноста за втора радост и враќање на победничките патеки во ова натпреварување.

ПретходноТри милионер џек пот добивка за само една недела донесоа 4,4 милиони денари кај среќните играчи
СледноРома го сака напаѓачот на Бодо кој им даде три гола