Финците стравуваат од можна војна во БиХ: Бараат да не играат во Зеница!

456

Репрезентацијата на Финска треба да гостува во Зеница во сабота во меч од квалификациите за СП 2022, а победникот ќе се искачи на второто место во групата Д. Во Финска централна тема во медиумите се политичките тензии во БиХ. Тамошните медиуми вниманието го вртат кон можна војна во Босна. Финскиот портал „Yle“ пишува за такцо сценарио и можноста мечот да се игра на неутрален терен.

„Војна е возможна, политичката криза е пред ескалација“, стои во насловот во кој се цитира првиот човек на ФС на Финска Ари Лахти.

„УЕФА ја следи ситуацијата. Доколку ситуацијата се влоши сигурен сум дека УЕФА ќе преземе мерки и ќе го премести мечот на друг терен. Ќе видиме што ќе се случува. Ако биде потребно, самоиницијативно ќе ја контактираме УЕФА“, изјави Лахти.

 

ПретходноХалф на Арсенал стигна и до репрезентацијата на Англија
СледноМурињо е полош од Фонсека, а се пожали на трансферите во Рома