Новиот тренер на тимот на Барселона, Чави Хернандез има многу работа пред себе за да ја исполни крајната цел, а тоа е враќање на клубот онаму каде што му е местото, резултатски на врвот на Европа.
Затоа согледувајќи ја ситуацијата во која го презема тимот секако дека ќе мора да се направат некакви рокади во играчкиот кадар, некои играчи да си заминат, а други да пристигнат.
Во моментов тоа не може да се случи, затоа што сме на сред сезона, но во јануари, во првиот слободен трансфер прозорец Чави планира да доведе сериозен играч кој ќе може да го унапреди тимот и играта во најболната точка. Средниот ред.
Според медиумите во Шпанија, тоа ќе биде Дани Олмо, во моментов играчот на Ред Бул Лајпциг кој е дете на Барселона, но преку Динамо Загреб стигна до врвот на фудбалска Европа и ги докажа своите несомнени фудбалски квалитети.