Четири нови имиња, Веспрем најави заминување на Тото од Вардар?

1340

Веспрем продолжува во потрага на составот кој ќе донесе титулата во Лигата на шампионите.

Унгарскиот вицепрвак денеска потврди четири нови имиња, тоа се средните бекови Герго Фазекаш и Јахја Елдера, пивотменот Драган Печмалбек и десното крило Никита Вајлупов.

Со потписот на Пешмаблек од Нант, Веспрем го најави и трансферот на Жереми Тото од Вардар во составот на францускиот тим. Тој се најде на радарот на Натн, кој е сериозно заинтересиран, па доколку не се промени нешто во меѓувреме, би требало да биде ново засилување.

Кога сме кај новите имиња во клубот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков (во моментов се рехабилита од повреда), Елдера беше на радарот на Вардар 1961, но тој се одлучи за Веспрем.




ПретходноДеби гол за победа: Малески ја прекина серијата на Струга ТЛ од шест меча без победа!
СледноФОТО НА КОЛОТО: Судија…ај немој пак картон!