Александар Ѓурковски од Тиквеш односно Имран Фетаи од второлигашот Гостивар добија дополнителен повик за У21 репрезентацијата за претстојните мечеви против Украина односно Франција на 11 односно 16 ноември на домашен терен.
По откажувањето на Славе Маркоски, селекторот Драган Канатларовски се реши за дополнителни повици, а изборот падна на Ѓурковски кој веќе има такво искуство додека пак Фетаи е дебитант во ова друштво.
Нашата репрезентација веќе втор ден се подготвува во Скопје.