Њукасл го промовираше новиот тренер

244

Њукасл на својата официјална страница објави дека Еди Хоу е нов тренер на тимот. Тој потпиша договор до 2024 година.

Овој 43-годишен стратег на клупата на премиер-лигашот доаѓа откако новите сопственици од С.Арабија не успеаја да го договорат Конте и уште неколку фаворити.

Хоу како тренер го донесе Борнмут до Премиер-лигата каде се задржа пет години од 2015 до 2020 година.

„За мене е голема честа да водам тим како што е Њукасл, ова е голем ден за мене и моето семејство. Пред нас е многу работа. Едвај чекам да излезам на теренот и да почнам да работам со играчите. Сакам да му се заблагодарам на клубот и газдите кои ми ја пружија оваа шанса. Нашето патување нека почне“, изјави Хоу.

ПретходноЛуда сцена во БиХ: За 5 евра почнал да навива за противничкиот тим!
СледноЕнис Фазлагиќ: Максимално сме фокусирани кон мечот со Украина