Надежите во комплетен состав тренираат на ФФМ

257

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска на ФФМ го одработи тренингот во комплетен состав. Нема други откази поради повреда, а тука беа и дополнително повиканите Ѓурковски и Фетаи. Селекторот Драган Канатларовски бара од своите избраници максимална сериозност, имаме пред нас два тешки меча. Прво играме со Украина на 11 ноември, и тоа на ФФМ, а потоа се среќаваме со Франција на 16 ноември на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

И двата меча се од квалификациската група Х за пласман на ЕП за селекции до 21 година.

ПретходноАлберт Корис прв на маратонот во Њујорк
СледноЧави во јануари го враќа Дани Олмо во Барселона