Ѓурковски и Фетаи со дополнителен У21 повик

412

Александар Ѓурковски од Тиквеш односно Имран Фетаи од второлигашот Гостивар добија дополнителен повик за У21 репрезентацијата за претстојните мечеви против Украина односно Франција на 11 односно 16 ноември на домашен терен.

По откажувањето на Славе Маркоски, селекторот Драган Канатларовски се реши за дополнителни повици, а изборот падна на Ѓурковски кој веќе има такво искуство додека пак Фетаи е дебитант во ова друштво.

Нашата репрезентација веќе втор ден се подготвува во Скопје.

ПретходноИнзаги: Ја заслуживме победата
СледноДејли Меил: Играчите не се повеќе на страната на Солскјер