Го судеше последното „Ел Класико“, сега ќе и суди на Македонија во Ереван!

136

Хозе Мариа Санчез Мартинез е делегиран за главен судија на средбата во Ереван меѓу Ерменија и Македонија. Ова е меч од 9.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП во Катар 2022 година. Натпреварот се игра во четврток, а започнува во 18 часот по македонско време.

Санчез важи за еден од најдобрите судии во својата земја во моментов, па и во Европа. Колку за потсетување, токму тој ја делеше правдата на последното „Ел Класико“ на 24 октомври кога Реал Мадрид како гостин ја победи Барселона со 1:2.

Постојано суди на евро – сцената, а пред осум дена му судеше на Енис Барди на мечот Леванте – Гранада.

Судии во ВАР собата ќе бидат од Италија.

ПретходноВардар 1961 со “топка-пластика” до турбо ритам за враќање на старите навики (ВИДЕО)
СледноГерманија излезе со список од 16. кошаркарки