Ашаданов: Благодарност до сите кои се тука, тие сакаат да играат и победуваат!

104

Александар Ашаданов ќе ја има таа чест, таа привилегија, но и одговорност да биде селектор на женската сениорска репрезентација. И тоа како најмлад во галеријата на тренери кои биле на највисоката тренерска функција.

А почетокот на неговото ново тренерско поглавје во кариерата ќе биде во четврток навечер, од 19.30 часот во Хале, кога нашиот најдобар тим ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Германија.

За мене, ова претставува огромна чест и задоволство да бидам селектор на националниот тим затоа што се работи за нашата земја. Огромна благодарност до федерацијата што ми ја довери оваа задача. Со првиот натпревар, за мене, како еден од најмладите селектори во женската кошарка, сакам да дадам голема благодарност на сите кои се појавија на овој собир и сакаат да работат и да победуваат. Се надевам дека сите повреди ќе ги надминеме и ќе бидеме спремни за првиот дуел со Германија“-рече Ашаданов на собирот со медиумите во СРЦ „Кале“.

ПретходноГечевски: Меѓународното искуство што го имаме да се искористи и во репрезентацијата!
СледноМитровски на проба во полскиот прволигаш Варта Познањ!