0
По паузата поради ЕХФ-неделата, Вардар 1961 почна со подготовка за дуелите со домашаната Супер-лига и Лигата на шампиони.
Веселин Вујовиќ и неговите момци зад себе имаат лош период во европското клупско натпреварување, но и на домашна сцена. Во Битола беа изненадени од Е.Пелистер 2 за прв пораз оваа сезона.
Па главна задача е преку домашното првенство, каде ги чека меч со Тиквеш да им се вратат на победите и да ја зголемат самодовербата пред двобојот со Пик Сегед. Македонскиот првак е гостин на 18. овој месец, додека втората средба се игра една недела подоцна во СЦ „Јане Сандански“.