Виктор Фонт, кој се кандидираше за претседател на Барселона и загуби на изборите од Жоан Лапорта, зборуваше за враќање на напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси во Барселона.
„Меси заслужува достоинствено збогум. Барселона мора да се размислува за тоа како да го добие Лионел назад во 2023 година”, изјави Фонт за Радио Монте Карло.
Аргентинецот летово ја напушти Барса како слободен играч по 21 година во редовите на Каталонците.