Германија излезе со список од 16. кошаркарки

80

Волт Хопкинс, селекторот на Германија, првиот наш противник во квалификациите за Евробаскетот 2023 година, објави список од 16.кошаркарки на кои ќе смета за мечевите во ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

На списокот доминираат имињата на неколку кошаркарки кои настапуваат надвор од Германија.

Во прв ред, Алина Хартман, која игра во шпанската Канарија, Мари Гулич која настапува за Валенсија, како и Ема Сташ, која пак е дел од атински Панатинаикос. Во овој „странски дел“ се и две кошаркарки кои играат во лигата на Франција, Луиса Гисенсодер (Бретањ Баскет) и Леони Фебиш (Кароло Баскет).

Германија е домаќин на македонска женска кошаркарска репрезентација на 11. овој месец во Хале.

РОСТЕР НА ГЕРМАНИЈА ЗА НОЕМВРИСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2023:

Мари Бертолд (БЦ Фармасери Маргбург), Левке Бродерсен (ТВС 1880 Васербург), Патриција Брсоман (ТК Хановер), Свења Бранкхорст (Бундесвер), Џенифер Краудер (БГ 74 Гетинген), Ама Дегбеон (АЗ БАскет Умеа-Шведска), Леони Фибих (Кароло Баскет-Франција), Луиса Гренахер (Ландерно Бретањ-Франција), Соња Гренахер (Бундесвер), Марие Гулич (Валенсија-Шпанија), Алина Хартман (Канарија-Шпанија), Лаура Хебекер (ТСВ 1880 Васербург), Мари Рајсхерт (БГ 74 Гетинген), Тереса Симон (БЦ Фармасери Маргбург), Ема Сташ (Панатинаикос-Грција), Александра Вилке (БЦ Фармасери Маргбург).А

ПретходноГо судеше последното „Ел Класико“, сега ќе и суди на Македонија во Ереван!
СледноШкендија го доби тетовското дерби