Ги „разграбаа“ дресовите на Наполи со Марадона иако не се евтини

271

На мечот со Верона (1:1), Наполи за прв пат играше со нови дресови во чест на клупската легенда Диего Марадона. Неаполитанците ќе ги носат тие дресови на уште два меча од Серија А во ноември – против Интер (21 ноември) и Лацио (28 ноември).

Дресот беше пуштен во продажба не само во клупската продавница туку и онлајн. Само за неколку часови биле испразнети полиците во продавницата и ги купија сите, вкучувајќи ги и белата и светлосината варијанта со кои Наполи се уште не играл. Тифозите не ги спречи ни фактот што цената на еден дрес е 150 евра што е втор најскап дрес на фудбалски тим во историјата. На првото место е дрес на Јувентус кој се продал за 180 евра.

Инаку на новите дресови на Наполи го има ликот на Марадона и неговиот отпечаток од палецот. Истиот е произведен од модната куќа на Џорџо Армани.

Диего Марадона ќе наполнеше 61 година на 30 октомври. На 25 ноември се навршува една година од неговата смрт.

ПретходноНа Флик му откажаа седуммина фудбалери
СледноТФТ во турбо ритам, нова победа во БИБЛ